MAMAРецепти

Највкусниот чоколаден колач со сирење без печење – кремаст, полн со протеини, се топи во уста

Ова е совршен колач за топлите денови што се топи во уста.

Advertisement

Ако барате десерт што ќе ве освои од првото залче, овој колач со чоколадо и свежо сирење (крем сирење) е вистинскиот избор.

принтксрин јутјуб

Покрај тоа што е неверојатно вкусен, тој е и богат со протеини, што го прави одлична опција и за оние што внимаваат на исхраната. Се јаде ладен, а има кремаста текстура, па е идеален за освежување во топлите летни денови.

Advertisement

Подготовката е едноставна, без печење, а потребни ви се само неколку состојки – крем сирење, црна чоколада, какао и малку кокосово масло (или путер). После неколку часа во фрижидер, добивате совршено цврст, богат и неодолив десерт.

принтксрин јутјуб

Состојки:

500 г крем сирење

33 г какао (во прав)

Advertisement

250 г црна чоколада

30 мл кокосово масло (а може и 30 гр путер)

Начин на подготовка:

Ставете го крем сирењето во блендер и мешајте додека не стане сосема мазно и кремасто.

Додадете го какаото во прав и кокосовото масло (или путерот) во блендерот, па повторно измешајте додека смесата се изедначи.

Исечкајте ја црната чоколада на мали парчиња за полесно да се стопи. Стопете ја на пареа (во сад над зовриена вода).

Во длабок сад, измешајте ја претходно подготвената смеса од сирење со стопената чоколада. Мешајте додека да добиете целосно хомогена смеса.

Обложете квадратна тава со хартија за печење (приближно 20 x 20 см). Истурете ја смесата во тавата и израмнете ја површината со шпатула.

Ставете го колачот во фрижидер и оставете го да се лади најмалку 3 часа или додека не се стегне добро.

Исечете на коцки или на парчиња и послужете ладно.

принтксрин јутјуб

Овој рецепт е брз, лесен и совршен за љубителите на чоколадо кои сакаат здрава алтернатива без печење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button