Прочитајте кои се најважните симптоми за хормонален дисбалан, но и како да ја вратите рамнотежата на хормоните
ВИСТИНСКАТА ДИЕТА Е КОПЧЕТО КОЕ ЌЕ ВЕ РЕСЕТИРА
Балансирањето на хормоните е процес при кој треба да бидете упорни ако сакате да постигнете среќа и просперитет.
Вашата исхрана е основа со која ќе му помoгнете на организмот да ја поврати својата хармонија.
Првиот чекор вклучува отстранување на лошите работи: шеќер, кофеин, алкохол, стрес и недостиг на физичка активност.
Нерамнотежата во хормоните неретко е предизвикана од лоша храна. Ако јадете многу шеќер, ќе произведете повеќе инсулин, повеќе естроген и тестостерон. Било кој тип на брашно и шеќер може да доведат до овие нерамнотежи.
Млечните производи и глутенот често се активатори за воспаленија и хормонална нерамнотежа.
Ксенобиотиците или хемикалиите од животната средина, како што се пестициди во храната, може да дејствуваат како моќен хормон нарушувач на нашите сопствени хормони.
Млечните производи се еден од најголемите предизвикувачи на хормонална нерамнотежа, поради сите хормони кои природно се наоѓаат во млекото и оние хормони и антибиотици кои му се додаваат на млекото. Всушност, во млечните производи има повеќе од 60 хормони кои можат да придонесат за нерамнотежа.
Откако ќе ги отстраните оние намирници кои ви штетат на здравјето, треба да ги замените со здрави, односно корисни. Консумирањето на органска храна и филтрирана вода може значително да го подобри вашето здравје.
Исто така, се препорачува одредена 10-дневна детокс програма која ќе ви ја препише лекар или нутриционист, со спецификa изработенa според вашите лични перформанси.
Извор: nmd.mk