Нега и здравје

Прочитајте кои се најважните симптоми за хормонален дисбалан, но и како да ја вратите рамнотежата на хормоните

Advertisement

ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА ХОРМОНСКИОТ ДИСБАЛАНС

Advertisement

При сомневање за постоење на хормонски дисбаланс се препорачува консултација со ендокринолог. Поставувањето на дијагнозата се извршува со помош на хормонски тестови при кои се испитуваат хормоните на тиреоидната жлезда, естрогенот, прогестеронот, тестостеронот, кортизолот и др. Сето тоа се врши со земање на крв или урина. Урина се зема кога треба да се определат хормонските промени, кои се должат на бременост или овулација.

Мора да се напомене дека секое самолекување без лекарска контрола и земање на медикаменти по сопствен избор – може да доведе до сериозни последици.

Advertisement

ТЕРАПИЈА

Кога ќе се утврди недостиг на некој хормон, специјалистот препишува одредена терапија-супституција, со цел воспоставување на рамнотежа. при зголемено производство на некој хормон се употребуваат блокатори.

Кога хормонскиот дисбаланс е предизвикан од тумор, потребен е хируршки зафат за да се отстрани истиот.

Освен стандардната терапија со медикаменти, секоја жена кај која е дијагностициран хормонски дисбаланс, треба да го смени досегашниот стил на живеење, односно да преземе мерки за подобрување на својата здравствена состојба.

Се препорачува зголемена физичка активност, редовен одмор и одбегнување на психички стрес.

Во деновите пред менструација, жената треба да биде повеќе активна, да се движи повеќе, да пие повеќе течности, да одбегнува мaсна храна и храна богата со шеќери.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4 5Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button