Прочитајте кои се најважните симптоми за хормонален дисбалан, но и како да ја вратите рамнотежата на хормоните
НАДВОРЕШНИ ФАКТОРИ
Надворешни фактори кои влијаат врз хормонскиот дисбаланс кај жените може да бидат и други извори на естрогени, освен оние кои природно се произведуваат во организмот.
Денес голем број жени имаат хормонски дисбаланс (недостиг на прогестерон), многу порано пред да го достигнат периодот на менопаузата.
Во секојдневниот живот ние сме опкружени со естрогени. Постојат голем број причини кои придонесуваат за оваа појава:
-ксеноестрогени кои се наоѓаат во средствата за чистење, сапуни, спрејови, хербициди, козметика.
-пасивен начин на живеење
-наследни фактори
-дебелина
-проблеми со тиреоидната жлезда или надбрубрежните жлезди
-неправилна исхрана (зголемена консумација на премногу масна и солена храна, преработена храна, храна богата со шеќери, кофеин и рафиниран шеќер)
-строги диети (сиромашни со масти)
-типична западноевропска исхрана со многу месо и млечни продукти (кои во најголем дел содржат хормони)
-консумација на алкохол
-стрес
-употреба на контрацептивни таблети
-хормонална терапија
-хистеректомија
-пропуштена овулација (периоди без овулација)
-пестициди, хербициди и други хемикалии
-еколошки токсини и загадување на околината
Премини на следната страна >>