Реклама
Нега и здравје

Прочитајте кои се најважните симптоми за хормонален дисбалан, но и како да ја вратите рамнотежата на хормоните

Реклама

Претставничките на понежниот пол на сите возрасти за време на животот подложни се на промени и неправилен однос на хормоните.

Естроген и прогестерон, два хормони кои циклично се произведуваат во телото на жените, за време на секој месец, можат да дојдат во нарушена состојба и да дојде до пореметување на нивниот однос. Таквиот хормонален дисбаланс може да влијае негативно на здравјето и да биде знак за сериозни нарушувања.

Маркетинг

Хормоните се хемиски супстанции кои се создаваат во ендокриниот систем. Секој од хормоните е специфичен и регулира точно определена функција во човековиот организам. При зголемена продукција на определен хормон настанува промена во функциите на одделни органи, што значи дека во организмот е настанат хормонски дисбаланс.

Хормонскиот дисбаланс кај жените кој е проследен со специфични симптоми, најчесто се јавува поради нарушена рамнотежа на двата основни хормони: прогестерон и естроген кои воедно се и најважните хормони во женскиот организам.
Причините за тој дисбаланс можат да се поделат на две основни групи:

Маркетинг

-Внатрешни, односно физиолошки
-Надворешни

ФИЗИОЛОШКИ ПРИЧИНИ

-Се однесуваат на промените во репродуктивниот циклус . При нормален менструален циклус, првите 10-12 денови се произведува само естроген. Тогаш овулацијата “испраќа” информација до женското тело да произведе прогестерон и хормоните воспоставуваат рамнотежа, и тогаш нема никакви симптоми за хормонски дисбаланс.

Прогестеронот го поддржува ендометриумот за да може да ја прими оплодената јајцеклетка во случај на забременување. Доколку не настане оплодување, телото престанува да ги продуцира двата хормони и настанува менструација.

Но, понекогаш се случува да не настане овулација (типичен предменопаузен случај), па тогаш, произведениот естроген во тој месец не се балансира со прогестеронот, кој може да биде да биде продуциран само за време на овулацијата, т.е. естрогенот продолжува да се произведува во месечниот циклус (едномесечен период), а пропуштената овулација означува дека нема произведен прогестерон.

Премини на следната страна >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4 5Следна страница

Поврзано

Back to top button