MAMAНаши ѕвезди

Најубавото „здраво“ – Зои Блаж стана мајка и сподели прва фотографија од својата ќерка

„Фала ти, ќерко, што нè одбра токму нас“

Advertisement

Модната инфлуенсерка и мејк-ап артистка Зои Блаж, со вистинско име Зорица Матијашич од Скопје, стана мајка. Заедно со својот сопруг, словенечкиот ракометар Тадеј, таа ја пречека на свет нивната прва ќерка – Мариа.

фото – Фејсбук, Зои Блаж

„Здраво свету, јас сум Мариа Матијашич“, напиша Зои на Инстаграм покрај првата фотографија од новороденчето, додавајќи:

Advertisement

„Фала ти, ќерко, што нè одбра да бидеме твои родители. Мама, тато и Хајди ќе те чуваат и сакаат најмногу на свет.“

фото – Фејсбук, Зои Блаж

Семејството живее во малото германско гратче Зул, опкружено со природа, мир и спокој. Токму таму, Зои и Тадеј ја подготвија топлата и нежна детска соба во крем-розови тонови за нивната принцеза.

Новата мајка откри дека Мариа веќе е дома и ужива во прегратките на своето семејство. Покрај фотографиите, Зои сподели и видео од магично уредената бебешка соба.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button