ПатувањаПрепораки

Најубавото бегство од градот меѓу врвовите и легендите на Јабланица – планинска бајка во која мора да преноќите

Планинска бајка над светото село Вишни и живописното Вевчани.

Advertisement

На четиринаесет километри од Струга, патот кој полека се искачува кон Јабланица ве носи, минувајќи низ светото село Вишни, до селото Горна Белица, место кое го сврте вниманието на туристичката мапа на Македонија, и тоа, сосема заслужено. Во срцето на Јабланица, на над 1.300 метри надморска височина, се наоѓа хотел „Белица“, нова планинска атракција што станува избор за оние што сакаат спокојство, бегство од градот, соединување со природата, чист воздух и погледи што ја полнат душата.

Ова не е само хотел, туку артерија на едно планинско село со големо срце, со историја, традиција и неверојатна природа, кадешто секој камен и секое дрво ја раскажуваат својата долга приказна.

Advertisement
фото фејсбук/хотел Белица

Архитектура што ја почитува природата

Хотел „Белица“ е изграден со идеја да се вклопи во пејзажот. Камен, дрво и топли земјени тонови го прават дел од околината наместо да се издвојува од неа. Пространиот трем, широките прозорци и терасите отвораат панорама кон Јабланица, кон Охридското Езеро, кон планинските падини кои наутро се будат облечени во облаци, а навечер се обвиткуваат во ќебенце од ѕвезди и тишина.

фото фејсбук/хотел Белица

Внатрешноста на хотелот е модерна, но етно отисоци, дрвени греди, камини, природни мотиви и простор што зрачи со домашна топлина. Секоја соба нуди чувство на смиреност, простор каде урбаната брзина исчезнува уште на влезот.

фото фејсбук/хотел Белица

Гастрономија што ги буди сите сетила

Храната е посебно доживување. Исусен шеф на кујна го предводи менито кое изобилува со превкусни специјалитети, мајсторси зготвени и дизајнирани, користејќи ги органските намирници. Свежи, со полн вкус и миризба. Испреплетени се, до совршенство, сите вкусови на Дримкол од беличка пита до јабланички компири печени на тивок оган, домашни месни специјалитети, јагнешко печено, телешки мускул во сос, селско месо, тавче гравче, пилешка чорба, до баклава и десерти со шумски плодови.

фото фејсбук/хотел Белица

Чест е и изборот на рибни специјалитети инспирирани од блискоста со Охридско Езеро.

Утрата мирисаат на топол планински чај, домашен мед, слатко од смокви, а навечер -најслатко е црното вино покрај камин.

фото фејсбук/хотел Белица

Активен туризам за сите генерации

Природата е совршена за активности, и за љубители на адреналин и за оние што сакаат мирни прошетки.

Планинарските маршрути се маркирани и водат до врвовите на Јабланица, пешачките – до старите цркви и до напуштени предели со спектакуларни панорамски погледи, а од некои агли може да се види и Охридското Езеро како бисер под планината.

фото фејсбук/хотел Белица

Широките планински патишта привлекуваат велосипедисти кои доаѓаат токму поради релјефот што овозможува и предизвикувачки рути.

Во снежниот период пак, околината станува природен терен за санкање, зимски прошетки и рекреативни активности.

фото фејсбук/хотел Белица

Тука се чувствува највредното нешто што планината го нуди, кристално чист воздух и хармонија со природата што го прочистува и телото и умот. Пред селото се отвораат планински пространства каде може да се чуе само говорот на ветерот и на птиците. Но, Горна Белица е одлична почетна точка за истражување на пошироката околина.

Каде да продолжите?

Кон Вевчани, селото на прочуените извори што се наоѓа на само околу шест километри од Горна Белица. Тука водата извира од самото срце на планината, создавајќи природен амбиент што ги маѓепсува посетителите. Старата архитектура, калдрма-уличките и автентичните куќи ја откриваат душата на селото, а Вевчанскиот карневал, симболот на слободата, хуморот и непокорот, му дава посебна енергија и боја. Прошетката низ Вевчани е како враќање во старо, забавено време, каде традицијата и природата сè уште владеат рамноправно.

Секако, и кон селото Вишни, сместено под Горна Белица, на околу 6 километри оддалеченост.

Светото село Вишни

Оние што сакаат буквално да се „наросат“ со миро, треба да го посетат блиското планинско село Вишни, вгнездено на 1100 метри надморска висина, со исклучителна духовна тежина и традиција.

Ова село е познато по многубројните цркви и параклиси, а централниот духовен дом е селската црква „Св. Атанасиј“, каде што се чуваат моштите на светицата Спаса Вишенска.

Многумина доаѓаат овде да се помолат за здравје, потомство и семејна благосостојба, оставајќи свеќи и тивки желби пред иконите што со децении ги собираат молитвите на народот.

Фото фејсбук Вишни
Фото фејсбук Вишни

Недалеу, во карпестата клисура над реката Сушица, стои и древната камена црква „Света Спаса Вишенска“, поврзана со преданијата за подвижничкиот живот на светицата.

Фото фејсбук Вишни

Посетата на Вишни е вистинско духовно доживување, место каде тишината, природата и верата создаваат чувство на благослов што ретко се сретнува.

Ете уште една причина да се посети хотел „Белица“ во Горна Белица. Планинска бајка каде човек може да се врати на природата, на себе и на едноставноста што ја забораваме во секојдневието.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button