Оваа сезона главните трендови во областа на модните додатоци се романтични, смели и шик, а ние веќе почнавме да ги избираме нашите омилени модели во согласност со најновите трендови.
Доволно е да фрлите само еден поглед на излозите и веднаш окото ќе ви застане на некој модел кој ви се допаѓа и кој веќе го гледате како неодминлив дел од вашата лична пролетна колекција. Возбудата е уште поголема кога ќе почнете да ги посетувате познатите интернет страни, каде што понудата е толку голема и разновидна, така што ви е тешко да изберете, односно да се ограничите на само неколку модели (бидејќи ги сакате сите!). Како и да е, чизмите веќе стануваат досадни и едвај чекаме да влеземе во некои полесни и посимпатични чевли.
Од необичните сандали/ чевли во форма на влечки кои беа хит на модните недели па се до омилените модели на вљубеничките во уличниот стил, оваа сезона не очекуваат низа најразлични модели на чевли, така што секоја од нас ќе може да си ја збогати колекцијата со по некој пар согласно личниот стил. Во галеријата што следува ги собравме најубавите модели на едно место. Но, пред да ја отворите галеријата, погледнете ги следниве модели…
Премини на следната страна >>