Не се заборава тој кобен октомвриски ден во 2007 година, кога прерано замина помеѓу ангелите нашата легенда Тоше Проески.
Но, она што тој го остави зад него прави повторно и повторно да го оживуваме со секој негов испеан стих. Во негова чест денес одвојуваме неколку стихови од неговите песни кои многумина од нас си ги потпевнуваат и ден денес, а веруваме и многу идни генерации…
„Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи“ – Цреша
„Додека спиеш убаво ми е, гледам и сфаќам ти си најубав цвет“ – Сонце во твоите руси коси
„Гордоста нè донесе до дно, можам да не те сакам, не и да заборавам, а за тоа ти си ми должна до крај“ – Најдрага моја
„Темно е, тајно моја, а во душа светат фенери. Се’ што имав заложив, да ти пеам под пенџери“ – Тајно моја
„А љубовта обична, ја смени во посебна, ти си мојот благослов, кому давам се’ во животот мој“ – Ангел си ти
„Со тебе под еден чадор да се стиснам, да сум среќен иако на пола киснам, како суво лисје згази ме под себе, ништо не е грубо ако е од тебе“ – По тебе
„Немам пат за назад, нема веќе да сме цели, што и да ми кажат, кога некој трет не’ дели“ – Никој како тебе не бакнува
„Боже, не ми треба ништо друго, дур сум жив под ова небо, топла постела и очи што ги знам“ – Боже чувај ја од зло
„Се’ што ми зема кај го даде? Мила, за колку ли ме продаде?“ – Кој ли ти гризе образи
Почивај во мир, незаборавен голем човеку!