TV

Најубавите РОМАНТИЧНИ БОЖИКНИ филмови на НЕТФЛИКС кои мора да ги гледате

Реклама
Реклама

Студено е надвор, врне дожд цел ден, не,  ајде да замислиме дека паѓа снег. Во вашиот дом е магично, елката свети украсена во најубави бои. Покриени сте со убаво топло ќебенце со снегулки, околу вас „пливаат“ перничиња со Дедо Мраз… Собата мириса на тукушто испечени божикни колачиња и топло чоколадо.

Соема е нормално да не ви се излегува од дома, нека не ве загрижува тоа.  Нетфликс се тука за да се погрижи за вас.

Понудата на романтични филмови со божикна содржина на Нетфликс расте. И оваа сезона излегоа интерсни филмови кои се гледаат во еден здив.

Маркетинг

Еве неколку предлози од нас што можете да гледате:

The Merry Gentlemen

Главниот лик е танчарка од Бродвеј која сака да го спаси ноќниот клуб на нејзините родители.Од Њујорк се враќа во малото место каде што пораснала да го помине празникот со семејството, но сфаќа дека им е повеќе од потребна. За да не им го затворат локалот кој што им е единствен извор за приход таа за Божиќ најмува неколку згодни машки танчари и ги вежба да играат забавни кореографии. Еден од  нив станува посебен за неа.

Маркетинг

Our Little Secret

Ова е најновиот филм на Линдзи Лохан. Главните ликови се поранешни партнери кои немале контакт 10 години по раскинувањето. И двајцата имаат нови партнери, но дознаваат дека се брат и сестра. Па, тие мораат да го поминат Божиќ заедно, со семејството на партнерите, без да откријат детали за нивното минато. Станува тензично, но и интересно.

Meet Me Next Christmas

Млада жена има желба да го најде мажот од нејзините соништа. За таа цел, низ целиот Њујорк бара влезници за најпопуларното шоу во градот – божиќниот концерт на акапела групата Pentatonix.

Hot Frosty

Главниот лик е Кети, млада вдовица која случајно оживува снешко во пресрет на празничната сезона.Но, како што тој ѝ помага да ја преболи загубата на саканиот и повторно да се вљуби, на нивното пријателство му се ближи крајот бидејќи тој ќе се стопи.

Falling for Christmas

Уште еден празничен филм со Линдзи Лохан во главната улога. Овој пат, таа глуми млада богата наследничка која неколку дена пред Божиќ доживува несреќа при скијање. Од несреќата има амнезија, па за неа почнува да се грижи згоден маж кој има ќерка.

 

Holidate

Главниот лик е млада девојка која е мета на шеги бидејќи е сингл. Откако сретнува момче со ист проблем, се договараат да глумат дека се пар за време на празниците. Но, девојката почнува навистина да се вљубува во него…

The Princess Switch

Млада грофица сретнува „обична“ девојка од Чикаго која личи исто како неа. Па, за Божиќ одлучуваат да си ги заменат местата. Но, набрзо и двете се вљубуваат во партнерот на другата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button