Погледнете, ги избравме најубавите невестински фустани од скопскиот Bridal Fashion Night
Пролетта полека но сигурно ни се приближува, а тоа значи дека ни се ближат и деновите кога многу девојки ќе го доживеат едно од најважните случувања во нивните животи – заколнувањето на вечна љубов со саканиот.
Тоа е момент кој претставува големо задоволство бидејќи за него многу девојки сонуваат од своето најрано детство, но истовремено преставува и голема обврска бидејќи секој момент и секој детаљ од свечениот настан ќе биде забележан на фотографии и ќе остане во сеќавањето на многумина. Ова се однесува и на изборот на невестински фустан кој мора да биде најдобриот и секако невестата во него мора да изгледа посебно. Па, дали тоа ќе биде класичен, модерен, бел или во некоја друга боја, зависи од вкусот и трендовите, и без разлика на се, секоја девојка најпрво ќе испроба десетина од нив како би го избрала најдобриот. Токму и затоа, денес, како вистинска алтернатива на бутиците кои се преполни со бајковите венчаници, ви предлагаме да ги погледнете и венчаниците на модните куќи и дизајнерите од Македонија и Косово кои настапија на третиот по ред Bridal Fashion Night кој деновиве се одржа во Скопје и за кои сме сигурни дека со својата широка понуда ќе ги задоволат најразличните вкусови.
Модната ноќ посветена на невестите се одржа во просторот на Македонскиот народен театар, а настанот го отвори пејачката Сара Мејс која беше облечена во венчаница од Зиане Бакиу, креаторка на свечени и свадбени фустани присутна на пазарот повеќе од две децении, која со ревијата ја најави својата нова колекција.
1. Fashion house MENAKON (Косово)
Модната куќа Менакон под трет пат се претстави на „Тhe Bridal Fashion Night“. Моделите од најновата колекција ги потпишува дизајнерката Надире Зимбери. Освен во самата модна куќа, креациите се достапни и во бутикот „Adora for You“ во Тетотво. Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Lakme“ во соработка со салонот за убавина „Beauty Bar“, како и „Аура“ -официјален партнер за шминка на третиот „The Bridal Fashion Night“.
2. Ателје „Ал Апарел“ – Колекција „ Ретки бисери“- Пролет-лето 2016
Дизајнерката Наташа Карчева од ателјето „Ал апарел“, ја претстави најновата колекција наречена „Ретки бисери“, наменета за претстојната сезона. Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Lakme“ во соработка со салонот за убавина „Beauty Bar“, како и „Аура“ -официјален партнер за шминка на третиот „The Bridal Fashion Night“.
3. Студио „Зиане“
Во уникатен фустан на дизајнерката Зиане Бакиу, поп-пејачката Сара Мејс го отвори третиот „The Bridal Fashion Night“ во Македонскиот народен театар , во организација на Моден викенд Скопје. Дизајнерката Бакиу, ја најави новата колекција и новото студио на старата локација во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во Скопје. Убавата пејачка ја нашминка Фросина Ангеловска – Фран а за фризурата се погрижи Дарко Петковски.
4. Atelier „Vlora&Kaltrina fashion designers“ (Kosovo)/ Collection“
Ателјето „Vlora&Kaltrina fashion designers“ од Косово, премиерно ги претстави своите модели пред македонската публика на третиот „The Bridal Fashion Night“. Колекцијата го носи името „Precious dreams“. Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Lakme“ во соработка со салонот за убавина„Beauty Bar“, како и „Аура“ -официјален партнер за шминка на третиот „The Bridal Fashion Night“.
5. Тeuta Matoshi – Duriqi (Kosovo)
Косовската дизајнерка Теута Матоши- Дурики за прв пат пред македонската публика ја прикажа својата колекција на венчаници и вечерни тоалети. Моделите се од колекцијата за пролет-лето 2016 година. Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Lakme“ во соработка со салонот за убавина„Beauty Bar“, како и „Аура“ -официјален партнер за шминка на третиот „The Bridal Fashion Night“.
6. Elizabet design studio/ Пролет-лето 2016
Elizabet design studio“ кои од неодамна се наоѓаат на нова локација во центарот на градот ги презентираше најновите модели наменети за претстојните сезони пролет-лето 2016 година. Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Lakme“ во соработка со салонот за убавина„Beauty Bar“, како и „Аура“ -официјален партнер за шминка на третиот „The Bridal Fashion Night“.
Фото: Ани и Дими | FWSK