Пругите повторно се вратија во нашите плакари
Покрај класините морнарски линии оваа сезона популарни се и останатите линии во најразлични комбинации, бои и ширини. Овие парчиња истовремено ја разбиваат монотонијата на основните летни модели и го внесуваат едноставноста на графичките дезени во популарниот стил. Покрај комбинациите со основните парчиња како што се на пример фармерките, оваа сезона моделите со риги можете да ги комбинирате и со пораскошни и помалку прилагодливи дезени како оние кои што се зачинети со цветни дезени. Тогаш вашиот модел со риги ќе ја преземе улогата на основното парче и ќе создаде рамнотежа меѓу овие два дезена во една комбинација. Па доколку сте расположени да се поиграте со овие симпатични линии ви предлагаме да скокнете до продавниците на Манго каде ве чекаат неодоливи модели кои ќе ги обожавате и со кои ќе направете прекрасни комбинации како за оваа, така и за следната топла сезона.
Моделите погледнете ги на следната страна >>