Ова се најубавите женски парфеми за лето 2015
Погледнете и кажете ни дали вашиот омилен парфем се наоѓа во нашата топ листа …

Топлите летни месеци се период од годината во кој се опуштаме најмногу и во кој сакаме да уживаме без граници, да го искористиме секој зрак на сонцето и да блескаме во полн сјај во секој момент.
Преку лето сакаме да сме свежи, а тоа се однесува и за нашите парфеми кои треба да имаат пролетна цветна нота и да бидат разиграни. Преку лето не треба да експериментираме премногу со нив, па затоа можеби е најдобро тешките „гурмански“ мириси да ги оставиме за есенскиот и зимски период, додека во следниве неколку месеци да се сконцентрираме на нежните романтични мириси. Но, доколку сте вечна заводничка која ги сака посилните ноти, тогаш ве советуваме да изберете парфем со потешки ноти, како на пример ванила. Но, вашиот парфем треба да е во комбинација со понежни компоненти кои во принцип се доминантни во пролетните и летни парфеми и кои без проблем ќе можете да ги носите на +32 степени
Погледнете ја нашата листа со 15 парфеми кои ова лето би требало да ги задоволат критериумите на сите дами.
#1. L’OCCITANE, CHERRY BLOSSOM

Парфем со нежен мирис на цреша, асоцира на југот на Франција.
#2. BOND NO. 9

Вистински летен парфем со мирис во кој преовладува мирисот на зеленото јаболко!
#3. TOM FORD FLEUR DE PORTOFINO

Мирис со ноти на лимон, мимоза и мандарина, совршен избор за на плажа!
#4. STELLA MCCARTNEY, DELICATE

Доколку сакате да мирисате на букет ружи, овој парфем би требало да е вашиот избор!
#5. CHANEL, MISIA

Парфем наречен по најдобрата другарка на Коко Шанел
#6. JIMMY CHOO BLOSSOM

Мириса како плакарот на Парис Хилтон. Погледнете ги и другите парфеми!
#7. BYREDO, BLANCHE

#8. CALVIN KLEIN ETERNITY

#9. CAROLINA HERRERA 212 VIP CLUB EDITION

#10. CHANEL CHANCE EAU TENDRE

#11. CHLOE LOVE

#12. CLINIQUE HAPPY

#13. DIPTYQUE, EAU DE LAVANDER

#14. KENZO JEU D’AMOUR

#15. NUXE PRODIGIEUX LE PARFUM

Па, дали вашиот парфем се наоѓа на оваа листа?
 
 



