Фустан што сакаме да го имаме во плакарите
Како се стоплува времето така и нашата облека станува се пократка и пократка. Ова се однесува и за фустаните кои им се омилено парче облека на многу девојки во текот на топлите пролетни и летни денови.
Понудата од полиците на познатите хај-стрит брендови навистина е голема. Откако ви ја претставивме преубавата ленена колекција од Манго, овој пат во фокусот ни е овој краток фустан од лен од Бершка кој ни доаѓа во две бои – бела и жолта. Покрај тенките прерамки фустанот е украсен и со мала, суптилна панделка на деколтето и копчиња во предниот дел што е потполно во склад со актуелните трендови (види тука). И за крај она најинтересното, а тоа е дека за овој фустан треба да издвоите само 1790 денари.
Па која од овие две бои би ја избрале вие?
Покрај овој фустан во продолжение погледнете уште неколку пролетни модели од овој познат шпански бренд >>
1.790,00 MKD
1.990,00 MKD
2.290,00 MKD
799,00 MKD
1.190,00 MKD
Па, кој од овие модели би го избрале?