Не знаеме за вас, но ние речиси сите овие комбинации би можеле да ги носиме и за новогодишните празници
И покрај тоа што сезоната на венчавки е далеку зад нас, многу парови своето големо „Да“ решиле да го кажат токму во овој период од годината. Зимските месеци и покрај тоа што не се популарни како топлите кога се во прашање овие церемонии, сепак создаваат подеднакво романтична атмосфера. Па ако во последните денови од годината, или евентуално во првите месеци од 2018, на вашиот календар имате свадба на некој ваш близок во продолжение погледнете неколку одлични предлози што да носите и како да изгледате. За истите не треба да одите далеку, туку во некоја од вашите омилени хај-стрит продавници, бидејќи и на нивните полици ќе најдете фантастични модели што можат да ви послужат за оваа намена. Неутралните бои, освен белата која е резервирана за младата и понатаму ќе биде омилен избор на многумина. Елегантните фустани и комбинезони со доза на софистицираност во црна боја како вечен класик исто така се нешто што не можете да погрешите.
Што се однесува до трендовите, подеднакво елегантен ефект ќе создадете и со избор на боја во нијанса на скапоцените камења. Нивнните најелегантни изданија се остваруваат во модели на фустани и комбинезони во кои се спојуваат со подеднакво раскошните текстури на кадифе, сатен и свила. Но покрај комбинезоните и фустаните оваа сезона се истакнуваат и костумите, особено оние од раскошни материјали и во неочекувани бои, зачинети со тренди детали и нови кројки, кои се совршена алтернатива и во кои ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично.
Па, погледнете што избраа нашите уредници и пронајдете го вашиот омилен фустан, комбинезон или костум за овој период од годината.
види повеќе » |