Најубавите ќерки на познатите парови од Македонија – од шармот на овие дами останавме без зборови
Нивната убавина никого не остава рамнодушен...

Ќерките на познатите…
Нашите јавни личности отсекогаш привлекувале големо внимание, но тоа често се случува и со членовите на нивните семејства.
Ова секако се однесува на убавиците што носат славните презимиња на своите родители, па во продолжение ќе ви преставиме некои од нив.
Сузана Турунџиева со нејзината постара ќерка Лора
Тие се преубави, талентирани и имаат познати родители, но и покрај славата на родителите, тие го имаат пронајдено и својот пат до успехот.
Некои од нив покрај гените, го имаат наследено и талентот од родителите, па веќе успешно чекорат по нивните стапки.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Моника Црнокрак
Познатиот пар Светлана и Мики Црнокрак имаат љубовна приказна каква секој би посакал, а круна на нивната љубов се нивните две ќерки – Моника која веќе тргна по стапките на своите родители, и Нина, која исто така е убавица, но за разлика од нејзината 12 години постара сестричка, од мали нозе тренира одбојка.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Од друга страна Моника веќе има освоено бројни титули за убавина, но и е добро познато лице од нашите мали екрани.
Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Барбара Ракичевиќ
Шармантната Барбара Ракичевиќ е ќерка на поранешната водителка и на сите нам добро позната Мелита Ракичевиќ, од кој а очигледно ја има наследено убавината, но и авантуристички дух. Па така и таа често на својот Инстаграм профил објавува преубави фотографии од своите патувања низ светот, а многумина за неа велат дека е една од најубавите Македонки на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Но покрај својата убавина, Барбара успешно ја гради и својата музичка кариера, па важи и за една од најатрактивните пејачки.
Принтскрин/ Јутуб
Мелани Тарчуловска
И наследничката на фолкеркаta Соња Тарчуловска, Мелани, исто така одлучи да заплови во пејачките води. Таа веќе има и неколку песни, а нејзината кариера се движи во одлична насока.
Инстаграм/ Мелани Тарчуловска
Во тоа секако и помага и нејзиниот изглед, а многумина сметаат дека многу личи на својата мајка, посебно кога била млада.
Инстаграм/ Марија Панчева
Марија Панчева
Од друга страна и помалата ќерка на Маја и Дарко Панчеви, Марија, станува се повеќе препознатливо лице на нашата јавна сцена. Таа за разлика од нејзината постара сестра Надица која максимално им се посвети на студиите и ги изучува странските јазици, помалата заплови во манекенските води и веќе се има појавено на неколку престижни ревии кај нас (види тука).
Инстаграм/ Марија Панчева
Марија привлекува внимание и со своите објави на социјалните мрежи, па често знае да „заврши“ и во медиумите.
Инстаграм/ Марија Панчева
Таа е една прекрасна млада дама, а многумина за неа велат дека несомнено многу наликува на својата позната мама.
Инстаграм/ Кјара Гоља
Кјара Гоља
И наследничката на Хелена Роза, Кјара Гоља, често знае да привлече внимание на социјалните мрежи со својот изглед. Таа е една прекрасна млада дама, но и една од најшколуваните познати Македонки на Инстаграм, со завршени два факултети во Нов Зеланд.
Инстаграм/ Кјара Гоља
Неретко на социјалните мрежи поставува и снимки во костими за капење, па често добива бројни комплименти за својот изглед, но и коментари дека наликува на поранешната водителка која и денес изгледа беспрекорно иако е во петтата деценија од животот.
Инстаграм/ Лора Турунџиева
Лора Турунџиева
Ќерката на Сузана Турунџиева и Александар Маленко дефинитивно го има наследено најубавото и од двајцата родители.
Инстаграм/ Лора Турунџиева
Таа со својата непосредност и природен шарм заработи бројни верни обожаватели на Инстаграм, па секоја нејзина објава едноставно не може да помине незабележано, а сите се согласни дека е вонсериска убавица.
Повеќе за оваа млада дама прочитајте тука…