Ги пронајдовме најубавите еспадрили со кои секоја девојка би сакала да се прошета низ градот
Едноставни, практични и удобни – тие се маст-хев и ова лето
Можеби не сте знаеле, но еспадрилите се едни од најдолговечните обувки – како модел со ѓон од коноп настанале во 13 век. Тогаш ги носеле и жени и мажи кои дури оделе и во војска со нив, а вистинскиот дамски момент го доживуваат во 70-тите години од минатиот век кога славниот моден креатор Ив Сен Лоран ги подигна на платформа.
Проѕирни гумени папучи што ќе ве вратат во детството >>
ZARA
Денес тие се кралици во сите колекции без разлика дали станува збор за класични верзии како што се црните или белите модели, се до оние кои се зачинети со впечатливи цветови, везови и со интересни марами кои се врзуваат околу глуждот како балетанки.
Еспадрили од Зара на кои не можеmе да им одолееmе >>
ZARA
Па погледнете ги нашите омилени модели за оваа сезона во кои одвај чекаме да се прошетаме – низ град, на факултет, на работа – било каде!
види повеќе » |