Реклама
Кафе муабет

Кога вашиот партнер ќе клекне на колена? Според Фејсбук ова се најубавите денови за запросување

Реклама

Ако имате чувство дека половина ваши пријатели на Фејсбук се свршиле за време на  новогодишните и божиќните празници, тоа е така затоа што тие најверојатно и го направиле тоа.

Нова година, Божиќ и Бадник се денови во годината кога претставниците на посилниот пол најчесто клекнуваат и ја запросуваат избраничката на своето срце, покажа едно истражување што неодамна го направи Фејсбук. Оваа социјална мрежа собра податоци од 2.5 милиони свои корисници со цел да ги откријат некои од причините за нивното однесување. Па така според нив, луѓето најчесто се свршуваат во декември и јануари (не грижете се, има уште неколку дена до крајот на месецот!), а просечната возраст на паровите е 24 години, пишува Дејли мејл. Фејсбук го анализираше однесувањето на овие парови за да види на кој начин нивната активност на мрежата се разликува од корисниците кои не се во врска.

Маркетинг

Време на љубов и мир

Маркетинг

Покрај очекуваното лајкување на страните со теми од венчавки од страна на свршените жени кои планираат свадба, интересно е дека „пресно“ свршените мажи праќаат повеќе пораки од оние кои не се во врска. Па, ако овие новогодишни празници пријателите ве изненадија со нивните запросувања, не грижете се бидејќи просечното време од запросувањето до свадбата е некаде околу 14 месеци, што значи дека имате доволно време за поклони.

Но, доколку се уште не сте се свршиле, одговорете ни на прашањето и споделете го ова со останатите – кога според вас е најдобро време некој да клекне пред вас и да ве побара за жена?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button