Во денешно време, честитките за Бадник и Божиќ можете да ги пратите и по електронски пат, но тоа не е ништо лошо, се’ додека посакувате од срце. Важна е добрата желба и љубовта која ја упатувате. Во прилог ви прикажуваме некои честитки со кои ќе ги израдувате вашите сакани и ќе им покажете колку ви значат.
Нека од Бадник се’ ти оди од рака, никогаш да не знаеш а болка и мака, ангелите нека те успиваат и секогаш така да биде. Ти посакувам многу среќа на овој ден.
Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!
Ти ја испраќам ѕвездата со најубав сјај. Ти праќам многу среќа без крај. Ти испраќам љубов голема и најуабви желби за овој празничен ден.
Додека на небото летаат снегулки бели, додека секој подароци и бакнежи дели, ангелите нека понесат порака на крлијата бели, да ти кажат дека ти посакувам најсреќен Божиќ.
На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!
Ти посакувам целата година да те прати љубов, среќа, топлина и потреба од блиските. Среќни празници!
Дозволи Бог да се всели во твоето срце и љубовта да ти биде вечен придружник, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов која царува помеѓу луѓето. Среќен Божиќ!