Најубавите божиќни песни изведени од македонските познати пејачи – музичка листа на Гламур.мк што ќе ви го стопли и срцето и домот (видео)
Во пресрет на Бадник и на Божиќ, од година в година, македонските музички ѕвезди се здружуваат или се одлучуваат за соло изведба на најпознатите божиќни песни кои традиционално се пренесувале од генерација на генерација. Разубавете си ги празничните денови со некои од преубавите изведби од нашата „плеј-листа“.
Православните христијански божиќни песни имаат длабоко вкоренето место во црковната и народната традиција. Тие не се само музички изрази на радоста од Христовото раѓање, туку имаат и важна литургиска улога во прославата на Божиќ.
Некои од овие песни одекнуваат во православните цркви за време на божиќните богослужби, но и на народните собири, како дел од празничната атмосфера.
Во православната традиција, Божиќните песни се тесно поврзани со богослужбите кои започнуваат на Бадник (вечерта пред Божиќ) и траат до самиот Божиќ.
Меѓу песните има тропари и кондаци, односно кратки христијански химни кои се пеат за време на божиќните литургии. Тропарите за Божиќ изразуваат славење на Христовото раѓање и го истакнуваат значењето на Неговото доаѓање, често се со богословски текстови што се однесуваат на настаните во Витлеем.
Покрај литургиските химни, православните верници имаат и бројни народни божиќни песни кои се пеат во домовите и на јавни собири. Овие песни низ минатото го веселеле македонскиот народ, а изразуваат радост од раѓањето на Спасителот. Кај повеќе словенски народи, како што се Макеедонија, Русија, Србија, постои обичај за пеење на божиќни песни на Бадник, кога семејствата се собираат за заедно да го прослават раѓањето на Христос.
Еве некои од најпознатите божиќни песни во изведба на македонските познати пејачи, кои сигурно ќе ви ги стоплат срцата.
„Христос се раѓа(т)”
Ова е една од најпознатите божиќни химни во православниот свет. Во нејзината срж се изразува радоста од Христовото раѓање. Песната има различни аранжмани во зависност од регионот, но обично започнува со зборовите Христос се раѓат, на светот радост, на светот радост, на сите луѓе.
Здружението „Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, во 2021 година објави прекрасен божиќен спот, снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир. Песната е во изведба на Љубојна.
Вечниот Бог
Вечниот Бог е друга многу популарна песна која се пее особено за Бадник, но секако и за Божиќ.
Во 2017 година македонските познати пејачи Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм и Златните славејчиња се здружија за заедно да ја испејат, а ние добивме прекрасен божиќен подарок со видеоспот.
Пред две години на Вечниот Бог слушнавме преубава изведба од Љубојна и Димитар Андоновски.
Во декември 2015 година ја слушнавме Вечниот Бог во изведба на Тамара Тодевска, Елена Ристевска, Стефан и Мартин (Некст Тајм) и Димитар Андоновски.
Уште едно извонредно издание на моќни гласови, здружени со оркестарот на Македонска филхармонија.
Тивка ноќ
Можеби најпопуларната божиќна песна во светот е Тивка ноќ, особено меѓу децата, а кај нас ја слушнавме во изведба на Андријана Јаневска уште во 2014 година.
Тивка ноќ! Света ноќ!
Ноќен мир владее,
само мудреци по пат одат,
ѕвезда на небо тие следат:
Исус Христос се роди,
Спасител за сиот свет!
Ве потсетуваме колку убаво звучи.
Божиќна серенада ни ги развесели душите во 2022 година, непосредно пред Божиќ, а како подарок од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки.
Изведувачи на песната се Лозано, Димитар Андоновски, Никола Перевски – Нокаут, Стефан Филиповски – Некст тајм.
Небо и земја и на толковен јазик
Во 2019 година, „Небо и Земја“ стана првата православна Божиќна песна што доби толкување на знаковен јазик.
Ангели пеат
На крајот на 2013 година има една песна за посебно внимание – божиќна песничка за дева, (текст: Сузана Костадинова, а музика и аранжман: Андријана Јаневска).
Песната ја изведуваат Анастасија Андреева, Анастасиа Велешанова, Михаел Јошуа Влаисављевиќ, Ребека Влаисављевиќ, Дина Јараши, Дарко Младеновиќ, Сара Петровска, Исидора Синколова, Стефан Хајредин.
Божиќна
Сузана Спасовска е меѓу првите која меѓу нашите музички ѕвезди почна да изведува христијански песни, а нејзината изведба на Божиќна доби видеоспот уште во 2006 година.
Пеат сите ангели, празник е христијански, Исус еве пристигна, Исус од светлината.
Во 2021 година Божиќна во изведба на Сузана доби нова верзија, односно нов видеоспот.
А потоа од Сузана Спасовска го добивме и албумот „Терирем“ (2023), албум кој содржи православни црковни химни и песнопеења кои припаѓаат на жанрот на таканареченото источно-црковно пеење. Терминот доаѓа од црковнословенскиот збор „источник“, што значи „извор“.
Музичките химни, претставени во ова аудио издание се дел од богатата богослужбена традиција на православните. Застапени се песнените стихотворенија коишто се пеат за време на чинот на осветување на Петтолебие, Празничната Утрена на Рождеството Христово и на Воскресението, Литургијата на Претходно осветените дарови и Светата литургија на Св. Јован Златоуст. Изданието „Терирем“ треба секој да го има во својот дом.
Божиќните песни не служат само како израз на радост и славење, туку и како средство за духовно поврзување. Тие потсетуваат за важноста на Христовото раѓање и ја зајакнуваат верата на верниците. Секоја земја и регион имаат свои варијации и спецификации во музиката и текстовите, но сите тие имаат заедничка цел — да ја прослават Божиќната радост.