Реклама
LIFESTYLEMAMAПрепоракиРецепти

Најубавиот ЃЕВРЕК на светот се наоѓа во СКОПЈЕ! Еве каде го има..

Реклама

Време е за доручек!

Доколку сте љубител на бели пецива, тогаш ѓеврекот и лиснатите се ваш редовен избор. Но, ќе се согласите со нас дека и од ѓеврек до ѓеврек има разлика, нели?

Маркетинг

И покрај тоа што се прави навидум едноставно и од речиси исти состојки, магијата на еден ѓеврек е во тајната на мајсторт.

Маркетинг

Некој сака помек , некој пак покрцкав ѓеврек, за некого тенок е пубав од оној со повеќе тесто, некој одбира ѓеврек покриен со многу сусм, а за друг пак доволно е да е малку поросан со сусам.

Ние сметаме дека го најдовме совршениот ѓеврек, омилениот во градот и пошироко. Тоа е ѓеврекот на Св. Никола.

фото: Glamur.mk

Оваа пекарница е стара 44 години, лоцирана е на бул. Мајака Тереза (поранешна Водњанска) спроти главниот влез на Клинички центар „Мајка Тереза во Скопје. Работат од понеделник до петок од 6 од 16 часот.

фото: Glamur.mk

Имаат асортиман од повеќе производи, како пченкарни стапчиња, стапчиња со сусам, благи короасани…

фото: Glamur.mk

А ѓеврекот? Ѓеврекот тука е неприкоснован! Тука ќе го пробате најубавиот ѓеврек на светот. Не е случајно што овде покрај редовните медицински лица коишто се редовни муштерии, да сретнете и по некој странец кој слушнал за овој вкусен рецепт. Оти „убавиот глас на далеку се слуша“.

фото: Glamur.mk

Ќе најдете можеби и на друго место убав ѓеврек, но како овој е посебен. Оние што пробале знаат.

Има идеална текстура, сочен залак што може да се јаде и без да се комбинира со јогуртче. Мирисот потсетува на детството.

Ние денеска знаеме што ќе доручкуваме, а вие?

фото: Glamur.mk

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button