Кариерата на Меган Рајан го достигна врвот благодарејќи на романтичните комедии како што се “French Kiss”, “Kate & Leopold”, “You’ve Got Mail”. Актерката одеднаш исчезна, затоа што не знаела колку е суров Холивуд кон жените во одредена животна доба, па затоа одлучила малку да се подмлади. Желбата да остане засекогаш млада, ја чинело скапо.
Мег Рајан кон средината и крајот на деведесеттите години од изминатиот век беше миленичка на публиката. Симпатичната русокоса со кратка коса, која ја обожаваше секоја девојка, секогаш знаеше како да измами насмевка од публиката. Режисерите и сценаристите буквално ја обожавале, но понудите престанале да доаѓаат после филмот “Kate&Leopold“ кој е снимен во 2001 година. Причината не била лошата глума, туку непрепознатливото лице кое веќе никој не сакал да го ангажира.
„Премногу направи. Тоа беше шок за луѓето и таа веќе не изгледа како Мега Рајан во која се заљубивме“, рекол режисерот на филмот. Сѐ започна со филерот за усни, но нажалост, таа не застанала само на тоа
„Не се само усните во прашање. Носот ѝ е поинаков, лицето, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластична хирургија. Таа не е единствениот пример, Обично тоа е обид да се ослободите од некој вид незадоволство“, пред три години објаснил пластичниот хирург.