Претставувајќи го својот роден град, Њујорк, 24-годишната Нија Френлин е прогласена за најуабва жена во Америка за 2019 година, а интересно е тоа што ова е прво натпреварување каде што убавиците не носеа костим за капење.
Натпреварувањето за Мис Америка оваа година беше одржано во Њу Џерси, па во овој град се најдоа најубавите дами кои се натпреваруваа за титулата најубави. Помеѓу 50 кандидатки, уникатни убавици со различни таленти како пеење, танцување и слично, за најубава беше прогласена Нија Френклин.
Покрај совршените црти на лицето и прекрасниот чоколаден тен, Нија го освои вниманието на жирито со својата харизма, но и со одличниот музички талент кој го наследила од својот татко кој исто така се занимавал со музика. Нажалост, како што открива Нија, татко ѝ моментално е во болница и се бори со тежок облик на рак.