Една од најубавите жени во историјата на конематографијата (и воопшто во светот), италијанската актерка Моника Белучи, во Јануари наредната година, ќе биде гостинка на филмскиот фестивал во Кустендорф, во Мокра Гора…
Информацијата за српскиот Курир ја потврди самиот Емир Костурица („главом и брадом“), кој и ќе ја донесе на фестивалот, а убавата Моника ќе помине цело три дена во рурална Србија.
За вистинската тема на нејзината посета на овој фестивал, кој со секое ново одржување, се повеќе го зацрвстува статусот на сериозен филмски (и воопшто уметнички) настан во регионов, после неговото одржување, после нова година, ќе пишуваме повеќе. А сега како вовед во она што го очекуваме, ја правиме оваа мала галерија на фотки од различни сцени од творештвото на Моника Белучи, за кои веруваме покрај тоа што ќе ви го ’подигнат‘ интересот за нејзината вонвременска убавина, ќе ве заинтригираат со помислата на редицата прекрасни арт филмови во кои таа има настапувано, па во овие предновогодишни и празнични денови ќе се почестите со еден филм со Моника Белучи.