Најубавата жена на Балканот живееше во 12 квадрати со цело семејство, а потоа се случи шокантен пресврт! – од леб со паштета до кавијар
Од бегалски живот во соба од 12 квадрати до луксуз и титула Мис – инспиративната приказна на Моника Радуловиќ.

Од најрана возраст, животот ја ставил на испит – денес, Моника Радуловиќ важи за една од најубавите и најуспешни жени од Балканот, но нејзиниот пат до успехот бил сѐ само не лесен.
AdvertisementView this post on Instagram
Родена во Завидовиќи, Босна и Херцеговина, Моника со само четири години била приморана да го напушти својот дом поради војната. Заедно со родителите, Винка и Горан, и братот, прво заминале во Данска. Семејството започнало од нула – четворицата живееле во соба од само 12 квадрати, со еден куфер и скромни оброци од јајца, паштета и конзерви.
Родителите работеле тешки и слабо платени работи, но успеале да ја изградат основата за подобра иднина.
Подоцна се преселиле во Австралија, каде Моника го продолжила својот животен пат. И покрај тоа што била далеку од татковината, никогаш не ги заборавила корените.
View this post on Instagram
Во Австралија станала успешен модел, а нејзиниот врв бил во 2015 година, кога ја освои титулата Мис Универзум Австралија.
Покрај моделингот, Моника дипломирала психологија на Универзитетот во Сиднеј, а јавноста ја запозна уште подобро преку реалното шоу „Survivor“, каде што блесна со својата издржливост, харизма и храброст.
Во приватниот живот, среќата ја најде со својот сопруг, со кого беше четири години пред да стапат во брак во 2018 година.
View this post on Instagram
Денес се горди родители на две момчиња – Лука и Матео – чии имиња ги одбрале како врска со своите балкански корени.
Моника живее во Австралија, а нејзиниот инстаграм-профил го следат над 112.000 луѓе. Таму споделува модни содржини, но и моменти од семејниот живот, инспирирајќи со својата животна приказна – приказна што сведочи дека храброста и трудот секогаш се исплатат.