Реклама
Холивуд

Таа е една од најубавите Русинки на Инстаграм – изгледа како Барбика, а во приватниот живот е вистинска домаќинка!

Реклама

Екатерина Коба (30) ја викаат белоруската Барбика.

Екатерина е родена во Мунмарск, Русија, а на шестгодишна возраст се сели во Белорусија, во Минск, каде живее и ден денес. Омажена е за бизнисменот Витали, мајка е на осумгодишно момче, а нејзините фотографии се хит на социјалните мрежи и ги воодушевуваат сите.

Маркетинг

Поради нејзиниот специфичен изглед ја викаат белоруската Барбика, и благодарение на тоа работи како професионален фото модел и одлично се снаоѓа во оваа улога.

Маркетинг

Сепак, бидејќи е висока само 165 сантиметри и има 45 килограми не можела да стане манекенка, што и било најголема желба во животот, но поради своето преубаво лице и светли очи на фотографиите изгледа прекрасно. Но покрај физичката убавина, таа сака да ја истакне и својата внатрешна страна, па не ретко истакнува дека не е онаа кукла како што ја доживуваат луѓето на фотографиите туку искрена личност која никого во животот не повредила.

Таа вели дека е сосема обична девојка: „Учам, работам, сакам се по дома да работам. Семејството ми е пред се, мојот син и сопруг. Социјалните мрежи можат да покажат само фрагменти од вашиот животен мозаик. Многу луѓе дури и осмислуваат цела приказна, само за да создадат мислење за себе какво што сакаат тие“, вели таа.

„Да бидам искрена понекогаш сакам да ги оставам социјалните мрежи. Се обидувам да ги игнорирам негативните коментари. Корисниците на интернетот најчесто коментираат дека имам добро средени усни, но јас сум подготвена да ги посетам најдобрите доктори за естетска хирургија и да докажам дека досега сум немала ниту една естетска интервенција и дека на мене се е природно“, вели Екатерина.

Па, дали и верувате?

Поврзано

Back to top button