Нега и здравјеПрепораки

Најубавата продавница во градот што нуди божествена ароматерапија – оаза на вкусови и миризби

Чајот не е само обичен напиток – тој е ритуал, уметност, лек и уживање. Одберете го внимателно, посветете му време и дозволете му да ве одведе на патување низ вкусови, мириси и култури. И не заборавајте – секоја шолја чај има своја приказна, а вие ја пишувате вашата со секоја голтка.

Advertisement

Во срцето на Скопје, веќе 17 години постои оаза на вкусови и ароми – продавницата „Ла Сој и Ла Ча“.

фото – приватна архива

Зад оваа успешна „чајна приказна“ стои Соња Станковиќ, по професија фармацевт, која ортачки работи со Владимир Петровски, по професија архитект, но и двајцата ја делат големата љубов и познавања за чајот.

Advertisement

Кога ќе се спомене чај, повеќето Македонци прво помислуваат на билни напивки – нане, камилица, мајчина душичка. Но, вистинскиот чај, е многу повеќе од тоа. Зелен, црн, бел или улонг – секој од нив има своја историја и начин на подготовка. Во светот, особено во Кина, Јапонија, Индија и Англија, чајот е длабоко вкоренет во културата и секојдневниот живот. Иако во Македонија не постои таква традиција, интересот за вистински чаеви постојано расте.

фото-приватна архива

Сè повеќе луѓе не го гледаат чајот како пијалок што се консумира само кога си болен, туку како ритуал за релаксација и здрав животен стил.

Како да препознаете квалитетен чај?

Advertisement

Најдобриот начин да препознаете добар чај е да го видите. Како што внимателно избирате овошје на пазар, така треба да гледате и на изборот на чајот – неговите листови треба да бидат цели, неразронети и со свеж мирис.

Доколку купувате спакуван чај, најдобро е пакувањето да биде проѕирно за да можете да ја видите неговата структура.

фото-приватна архива

Покрај изгледот, и начинот на подготовка открива многу за квалитетот. На пример, зелениот чај треба да има светло зелена боја по приготвувањето, црниот – топла кафена нијанса, додека белиот чај е речиси бледо-жолт.

Уметноста на подготовка

Правилото вели дека треба да се проврие, а потоа да се олади на 70 степени доколку се пие бел или зелен чај кој има чувствителни листови. Во превод, треба да се почека околу 5 минути, да се подизлади водата и да нејзината врелина замине. Потоа со неа се прелева одмерената количина на чај, а тоа е една мала лажичка на шоља од 200 мл и се остава да стои според соодветно пропишаното време, а тоа е 3 минути или за црниот чај максимум до 5 минути.

фото-приватна архива

Чајот како еликсир за здравјето

Една од најголемите предности на чајот се неговите здравствени придобивки. Освен што содржи антиоксиданси, кои се борат против слободните радикали во организмот, чајот содржи и теин (вид на кофеин) кој дава енергија, но на поблага и подолготрајна основа од кафето. Разликата е во присуството на L-теанин, супстанца што го намалува нервниот ефект на кофеинот, овозможувајќи подобра концентрација и ментална бистрина без несакани последици како тремор или нервоза.

Зелениот чај е особено познат по својот придонес во забрзување на метаболизмот и слабеење. За да се постигнат ефекти, препорачаниот внес е три чаши дневно, најдоцна до 17 часот.

Одберете вкус на зелен чај кој најмногу ќе ви годи – јасмин, цреша, праска, ананас, бадем…

Чајот помага во создавање чувство на ситост и природно регулирање на апетитот. Истовремено, црниот чај е одличен сојузник во борбата против висок холестерол и шеќер во крвта.

фото-приватна архива

Чајот – пијалок за сите сезони

Иако многумина мислат дека чајот е зимски пијалок, всушност тој има и разладувачки ефект. Во многу топли клими, луѓето жежок чај среде пладневната жештина, зашто топлиот напиток помага телото да се адаптира на надворешните температури.

Чување на чајот

Чајот е деликатен и чувствителен на воздух, влажност, мириси и светлина. Најдобро е да се чува во метални или специјални хартиени кеси, на суво место, подалеку од силни мириси. Стаклените тегли можат да бидат практични, но не за зелен и бел чај, бидејќи тие брзо оксидираат на светлина.

„На нашите продажни места, чајот го чуваме затворен во метални кутии и при продажба го одмеруваме-пакуваме во трослојни вреќички кои се наменски направени за да ја сочуваат неговата свежина и арома. Во истите тие може да се чува и дома, на суво место и на собна температура. Но доколку сте вистински обожавател на чајот самите ќе посакате да му најдете посебно катче во станот, да го сместите на посебни полици, па секој тип според неговиот вкус да добие и соодветна декоративна метална кутија“ – ни раскажува Соња.

Што друго најдовме во „Ла Сој и Ла Ча“

Од каде да почнеме? Најдовме и соршено каде, какао и најразлични додатоци за подготвување и уживање во ритуалите пиење чај, каде, какао.

фото-приватна архива

Се вљубивме во лимените кутии за чување, не можевме да одолееме на прекрасните чаши и шолји со уметнички мотиви (од Ван Гог, Кандински, Климт), во чајниците и сетовите, во природните сетови за нега на тело, во купките, во миризливите стапчиња, во шеа путерот…Стотици производи кои веднаш би ги посакале за себе, но и како подарок за оние кои ви значат.

фото-приватна архива

И да ве потсетиме, „Ла Сој и Ла Ча“ освен на улица „Климент Охридски“ (во близина на Соборен храм), може да се најдат и во Веро центар.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button