Потребен ви е само еден моден додаток за да ја направите најубавата летна комбинација
Секој ден нови фантастични комбинации на црвениот килим во Кан. Како и турнејата на Кејт Мидлтон низ Нов Зеланд и Австралија, и оваа екстраваганца на француската ривиера не би сакале никогаш да престане!
Но, да се вратиме во Кан и на преубавата и неодолива комбинација на Роузи Ханингтон-Вајтли.
Таа на црвениот килим се појави во преубав, секси и по малку научно-фантастичен фустан од Викторија Бекам. Прекрасната Роузи во овој модел кој од футуристичкиот крој во горниот дел полека преминува во пеплум дефинитивно изгледа како на модна писта, а белиот ремен, па и фризурата и салонките со металик нијанса, се полн погодок.
Едноставно, оваа комбинација е една од оние за кои уште многу ќе се зборува, а доколку сакате да пробате нешто слично, еве во нашата галерија погледнете неколку модели (а меѓу нив и оние од нашите продавници) кои би можеле да ви помогнат во намерата да ја направите најубавата и најсексапилната комбинација за ова лето.
отвори галерија » |