Наши ѕвезди

Најтешко е да се биде поп во своето село, вели Тамара Тодевска за својата сестра и го откри најважното

Познатата пејачка искрено за нејзината сестра

Advertisement

Тие се мошне блиски…

Тамара Тодевска беше гостинка во „Никогаш не е доцна“, каде претходниот викенд се појави во улога на жири.

Advertisement

Таа зборуваше и пред претставниците на седмата сила, а ја спомена и својата сестра Тијана Дапчевиќ, која „растура“ со својот нов проект.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Имено, Тијана е мошне активна со нејзината монодрама „Менопауза“, а Тамара откри дека е воодушевена од неа.

– Беше волшебна, доминираше. Таа е родена глумица, отсекогаш сум го велела тоа. Мислам дека се надмина себеси и едвај чекам да ги видам сите настапи што следат – нагласи Тамара и додаде дека мисли дека Тијана ќе биде пречекана во Скопје на посебен начин.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

– Со оглед на тоа што долго време не пеела во Македонија, мислам дека ќе биде пречекана како глумица, но пред сè како нивна. Тоа е најважно за нас. Најтешко е да се биде поп во сопственото село. Кога ќе те пречекаат дома онака како што заслужуваш, тоа е сè за нас – објасни пејачката во интервјуто за „Гранд.онлајн“.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Поддршка што многу значи

Потсетуваме, Тамара овој викенд беше дел од стручното жири во „Никогаш не е доцна“, каде со својата енергија ги воодушеви сите.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Посебно емотивен беше моментот кога запеа заедно со натпреварувачот од Македонија, Илија Балтовски.

Таа му даде поддршка на својот сограѓанин, за кого во овој момент може да гласате преку Фејсбук и да го поддржите и вие.

Имено, Илија е еден од двајцата кандидати за кои ќе се одлучува токму со помош на вашите гласови, па доколку сакате да му дадете поддршка, направете го тоа тука, преку нивниот линк на Фејсбук.

Гласањето ќе се случува на Фејсбук (ТУКА) и ќе трае до вторник, 16 декември, точно до полноќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button