Најтешките денови во животот на Мики Секуловски – на македонската Гранд ѕвезда ова сé му промени!
Еве како познанството со Цеца и „Гранд“ му го променија животот на Мики Секуловски

Моментално е еден од најбараните пејачи кај нас
Мики Секуловски повторно се вивна меѓу најславните пејачи кај нас по неговото учество во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
И како што самиот откри во една пригода, во ова шоу го убедила да се пријави неговата мајка, и тоа во еден од најтешките периоди во животот. Имено, по трагедијата што се случи со татко му, односно најпрво неговата тешка болест, а потоа и смрт, Мики на крајот, откако заедно со семејството направиле сé што можеле за да му помогнат, се соочил со панични напади и тешка депресија.
Тогаш, неколку месеци по погребот на неговиот родител, на Мики толку му било тешко, што не сакал ниту од дома да излезе, но ќе реши да ја послуша својата мајка и ќе се пријави во „Ѕвездите на Гранд“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И токму ова е пресудниот момент кога животот целосно му се менува, така што Мики денес го живее својот сон.
И веќе со месеци наназад Мики постојано настапува и со својот глас многумина развеселува, а голема чест му е и тоа што заврши во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ која му беше менторка во шоуто.
Принтскрин/ Инстаграм
Имено, Цеца по натпреварот го покани да настапува заедно со неа на нејзините турнеи ширум регионот, што е голем успех за Мики.
Принтскрин/ Инстаграм
„Цеца е одличен човек и како што кажав за време на натпреварот навистина се изненадив заради нејзиното пријателство. Таа е тука секогаш за да помогне, да даде сугестија, да се пошегуваме, испиеме кафе“, истакна Секуловски во една пригода за својата менторка од шоуто.
Принтскрин/ Инстаграм
Пејачот во изминатиот период настапуваше со Цеца како придружен вокал на сите поголеми концерти, а беше со неа и за Нова година.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Животот на Мики во Белгија
Инаку, Мики и додека се натпреваруваше во популарното шоу откри дека неколку години живеел во Белгија каде работел и како келнер.
Но тој тогаш не сакаше да ги открие причините заради кои решил да замине од Македонија, истакнувајќи само дека отишол за да му помогне на семејството, и по неколку години се вратил во Македонија.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Пејачот додека се натпреваруваше во шоуто не откри ништо за семејната трагедија, но и за тешкиот период низ кој минувал потоа заради депресијата, не сакајќи да го користи тоа како маркетинг. Тој и до самиот крај на шоуто криеше дека има завршено академија и дека е дипломиран оперски пејач, па и оваа вест тогаш ги изненади сите.
„Работев како келнер. Заминав да го посетам моето семејство што живееше во Белгија, но во тој период на којот татко му беше дијагностициран рак на дебелото црево, заради што решив да останам и да му помогнам на братот и мајка ми. Кога почина татко ми се вратив во Македонија“, откри Мики во една пригода за „Гранд“ откривајќи што му се случувало пред шоуто.
Повеќе за овој период од животот на Мики прочитајте тука…