Најтешкиот период во животот на Мики Секуловски – популарниот пејач ова го криеше од сите
Навистина тажно...
Еден од најчитаните српски портали повторно објави текст за Мики
Мики Секуловски по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ повторно е на врвот од својата популарност и тоа не само во Македонија.
Тој во ова популарно шоу го освои второто место и беше во тимот на Цеца, со која не само што остана во одлични односи, туку и настапува како придружен вокал на нејзините концерти.
Па така Мики настапи со Цеца и за Нова година, а и самиот постојано е ангажиран и речиси нема слободен викенд целото време.
Принтскрин. Ѕвездите на Гранд
И секако дека ова се должи најмногу на неговите генијални настапи во шоуто во кое му беше менторка Цеца, па интересот за него се уште е голем, како во Македонија, така и во регионот.
Но Мики покрај својот моќен глас ги трогна сите и со својата животна приказна, посебно кога откри детали од минатото.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Мики овие детали од неговиот живот ги откри дури по завршувањето на шоуто
Имено, тој неколку години пред да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“ живееше во Белгија, а причината заради која ја напушти Македонија е поприлично тажна и многумина расплака кога Мики прв пат ја откри.
Тој во Белгија работеше и како келнер, а заминал за да им помогне на мајка му и брат му, но пред се на неговиот татко.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Неговиот татко се разболел од рак, а по кратко време и починал, по што Мики ќе одлучи да се врати во Македонија.
И откако се вратил се соочил со депресија, а од овој тежок период во животот го извадило токму шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Мики Секуловски
И како што самиот откри во една пригода, во „Ѕвездите на Гранд“ го пријавила мајка му и оттогаш животот потполно му се менува.
Што сé откри Мики во една пригода во врска со овој период од неговиот живот, погледнете и прочитајте тука...