Најтешкиот период во животот на Ленче Кукиќ – мајка и умираше, а таа мораше да им пее на гостите
Пејачката мораше со насмевка да ја крие огромната болка по загубата на својата мајка
Откако победи во „Никогаш не е доцна“, Ленче Кукиќ, стана една од омилените пејачки и тоа не само во Македонија.
За неа многу често може да прочитаме и во медиумите од соседството, а со својот талент таа и денес ги освојува симпатиите на сите.
И потполно заслужено победи во шоуто, како што тоа неколку години претходно го направи и нејзиниот сопруг, Горан.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Тие и двајцата никогаш не криеле дека тоа што се пријавиле во шоуто им е еден од најпаметните потези во животот, иако на почетокот ниту ден од нив не верувал дека би можел да ја освои титулата.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Нејзиниот сопруг во Никогаш не е доцна се натпреваруваше три години пред неа, а потоа таа нестрпливо ги чекаше своите пет минути, за да на крај и самата се пријави и со својот глас ги воодушеви сите.
Но на Ленче за време на финалето и се случи и еден немил настан кој нема да може никогаш да го заборави.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Имено, во последните три финални емисии Ленче остана без својата мајка со која беше многу поврзана.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Но пејачката реши да оди до крај и да не се откажува, иако патувањето од Белград до Струмица во тие тешки моменти биле поприлично напорни, така што поминувала низ најтешкиот период во животот.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Таа и денес кога ќе ја гледа изведбата на „Лепи мој“ ќе се присети на големата тага, па може и да заплаче од преголемите емоции.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
„Ние по капелата отидовме дома и потоа да работиме на свадба, а утредента беше погребот и потоа повторно бевме на свадба. Така беше тоа кај мене, но животот е таков, таква е нашата работа“, се присети во една пригода шармантната Македонка во нејзиното интервју со новинарите од „Гранд.онлајн“.