Наши ѕвезди

Најтажната песна на Анета крие голема трагедија – во емотивните стихови зборува за нејзиниот татко

Во оваа песна е вткаена една нејзина голема болка која што се случи еден ден пред нејзиниот 40-ти роденден.

Advertisement

Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска во текот на својата музичка кариера има снимено бројни хитови.

Таа долго време настапуваше со групата „Молика“, но по разводот од сопругот Џими Мицевски, фронтменот на овој состав, пејачката продолжи со соло кариера, но и со момците од „Декапо бенд“.

Advertisement

И токму во овој период настана и една од нејзините можеби најтажни песни на која таа и самата се потсети деновиве. Имено, Анета на својот профил на социјалните мрежи ја сподели песната „Збогум без збогум“ и самата напиша дека ова е нејзината најтажна песна.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Станува збор за песна во која што Анета пее за својот татко кој почина минатото лето, еден ден пред нејзиниот роденден.

Advertisement

Песната е напишана од новинарката и нејзина пријателка Анита Даева, а премиерно беше изведена на оса фест 2024.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката секогаш кога ја пее одвај со воздржува да не заплаче, а како звучи оваа прекрасна балада, слушнете во продолжение:

Потсетуваме, Анета важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки, која со својот прекрасен глас опива кога пее.

Принтскрин/ Фејсбук, Алфа ТВ

Таа е и поприлично емотивна како личност, па така и на нејзините настапи сите песни ги пее со многу емоции.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Но токму затоа и важи за една од најдобрите, а заедно со својата нова екипа прават растур каде и да се појават.

Принтскрин/ Јутуб

Потсетуваме, Анета точно на 02 август ги изненади сите и со својата најнова песна, „100 степени по Рихтер“.

Овој пат станува збор за љубовна балада за која пејачката сними и спот, а како изгледаше во него, потсетете се тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button