Реклама
Блогерија

Оваа прекрасна 54 годишна Французинка важи за најстилизираната жена на Инстаграм

Реклама

Французинките се познати по нивниот специфичен стил, а таа е позната како Французинка со најстилизиран профил на Инстаграм.

Оние што редовно не читаат знаат дека сакаме да го свртиме вниманието и кон постарите жени во модниот свет и, благодарение на „Vogue“ и „WhoWhatWear“, ја откривме нашата најнова муза. Станува збор за 54-годишната Софи Фонтанел, француска писателка и колумнистка од париската модна публикација на весникот „L’Obs“.

Маркетинг

Со еден поглед на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм може да се види дека таа има беспрекорен стил во огромно количество. Софи во своето интервју за списанието открива дека 80% од нејзината гардероба е „винтиџ“ и дека нејзиниот стил е со цел да се пренесе „мекост, нежност, смисла за хумор, [и] духовитост“, наместо сексапил.

Маркетинг

Таа, исто така, има и неколку мудри зборови за тоа како вие може да научите да се облекувате добро – а тоа нема никаква врска со купување нова облека.

„Ако сакате да бидете добро облечени, мора да учите од гледање стари филмови, од одење во музеј и од сурфање на Интернет,” изјави таа за Вог. „Треба да читате добри книги, да читате поезија. Кога ќе ставите убави нешта во душата, токму тогаш ќе разберете како да се облекувате добро.“ Големо БРАВО за овој нејзин фантастичен коментар.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button