Наши ѕвезди

Најстарата македонска пејачка наскоро ќе го слави 100. роденден, а животот го живее како тинејџерка

Еве во што се крие тајната на нејзиниот долг живот

Advertisement

Нејзиниот рецепт за долг и здрав живот се крие во многу едноставни нешта, но понекогаш и наједноставното е најтешко, нели?

Најстарата победничка во „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска Чабриќ веќе со децении ужива во својата оаза на мирот.

Advertisement

Таа живее покрај преубавото Дојранско езеро, кое се гледа и од нејзиниот дом, а дворот е полн со цвеќиња и многу зеленило.

Принтскрин/ Јутуб

И токму на ова место Добрила го пронаоѓа својот мир и се полни со позитивна енергија, но и во дружбата со пријателите.

И бидејќи Добрила има 97 години, многумина се интересираат во што се крие нејзината тајна на овие години да изгледа току витално и постојано да е полна со позитивна енергија, а нензиниот одговор ги изненади сите.

Принтскрин/ Јутуб

Имено, нејзиниот еликсир за долговечност се крие во работата, така што таа секогаш сите проблеми ги решавала токму со работа.

„Секако и исхраната е во прашање, ама и начинот на кој го прифаќаш животот. Ако го сакаш тогаш ќе живееш. Многумина паѓаат во депресија уште на 70-години. Мислат дека се стари, сé ги боли. Јас и да ме боли и да не ме боли, тоа го решавам со некоја работа. Секогаш ќе земам нешто што ќе ме преокупира, така што не мислам на тие жолти минути или болест. Или смрт. Не, не, не, тоа кај мене не пали. Живеам полн живот“, откри Добрила во една пригода.

Принтскрин/ Јутуб

Потсетуваме, Добрила победи во третата сезона од „Никогаш не е доцна“, а и денес, на свои 97 години, е една од омилените гостинки.

Идол на Жика

Па така во една пригода кога Добрила се појави на снимањето на една емисија, а Жика Јакшиќ кога ја виде, се израдува.

Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна

Еве што изјави тој во една пригода за неа:

„Постојат многу кои кај мене оставија траг, но јас сепак би ја издвоил Добрила Ивановска која и со 91 години дојде до финалето. Жената имаше скоро и незгода, бидејќи вози и на 93 години и добро е, закрепнува, фала му на Бога. Немам многу време да се слушнам со сите, но одвреме-навреме ќе размениме некои пораки и ќе си ги честитаме празниците. Ете, со Добрила се гордеам и на целиот нејзин живот“.

„Ми стана идол и сакам и јас да живеам така на деведесет години“, изјави омилениот водител во една од неговите емисии, по што падна и бакнеж помеѓу него и Добрила.

На овој момент потсетете се тука >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button