Најшокантиот костим за капење што најверојатно НЕ би го носеле, па и кога би имале тело како на Марјана Станојковска (видео)
Костимите за капење стануваат се попровокативни
Тоа можеме да го видиме и од новиот предлог на познатата модна куќа „Sports Illustrated Swimsuit“ која оваа сезона дефинитивно ги премина сите наши очекувања, а нивниот златен модел заслужува златна медала.
Станува збор за модел кој е толку провокативен што не би имале проблем со него да се појавите и на нудистичка плажа и тоа без да го прекршите „кодексот на облекување“. Што се однесува до нас ние дефинитивно не би го носеле па и кога би имале тело како на водителката Марјана Станојковска, која важи и за еден од нашите омилени македонски модели кога се костимите за капење во прашање.
https://www.instagram.com/p/BbxDca1FaOI/
Но очигледно дека дизајнерите од „Sports Illustrated Swimsuit“ не мислат така и сакаат да останат на врвот во дизајнирање на секси модели на костими за капење, а во видеото што следува можете да најдете и неколку попристојни парчиња.
Што се однесува до Марјана, таа најверојатно не би имала проблем да скокне во било кој од овие модели па и да изгледа дури и подобро од манекенките што ги видовме тука.
Но една е Марјана!