Диети

Најсладок тег: Оваа жена се породи и ослабна 25 килограми со помош на нејзиното бебе

Реклама
Реклама

Во текот на бременоста преминала на три броја поголема облека и качила повеќе од 25 килограми, но Даниела Џонс брзо по породувањето успеала да ја врати линијата и тоа со помош на своето бебе.

На почетокот нејзината ќеркичка Хонор била како тежина која ја кревала додека вежбала, а две години подоцна, мајката и ќерката вежбаат заедно.

Маркетинг

Даниела е по професија личен тренер и многу добро знаела дека нема да биде така лесно да ослабне по породувањето. „Почнав да вежбам многу брзо по породувањето. Многу се поправив за време на бременоста, но ќерка ми помогна брзо да ги симнам килограмите. Ние сме постојано заедно и ми беше сосема природно да почнам да вежбам со неа”, вели Даниела која од својата петнаесетта година е посветена на вежбање и спортување.

Маркетинг

„Спортот многу ми помогна во животот. Кога сум во лошо расположение, секогаш ми ги разбиструва мислите. Но, за време на бременоста имав голема желба да јадам благо. Ова се одрази на мојата тежина која стана преголема во однос на мојата вообичаена тежина. Како новопечена мајка прво помислив дека ослабнам со диета, но не сакав да го изгубам млекото. Кога Хонор наполни десет месеци почнавме да вежбаме. Прво дома со музика”, објаснува Даниела, која брзо потоа домот го заменува со теретана.

Оделе заедно на вежбање, носејќи го бебето во корпа и тоа за неа бил најдобар тренинг. Сега двете вежбаат заедно по 20 минути секое утро, и некогаш и пред спиење. Оваа двојка најмногу сака да прави чучњеви. Се хранат здраво, со многу овошје и зеленчук, риба и пилешко месо, но повремено знаат да се почестат и со парче пица.

„Ќерка ми е многу мала за да ја исклучам од моите активности. Нејзиното здравје е мојот приоритет и често зборуваме за тоа. Нема оправдувања за младите мајки. Наместо да пијат кафе и да гледаат телевизија, треба да се дружат со своите деца и да вежбаат заедно. Тоа ќе биде корисно за сите “, порачува оваа млада жена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button