Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Кои се најскриените тајни на хороскопските знаци: Јарецот се плаши дека ќе остане сам, а Рибите мразат да бараат помош

Реклама

Сакате да знаете кои се најчуваните тајни на хороскопските знаци? Ако ѝ верувате на астрологијата, продолжете со читање!

ФОТО: thoughtcatalog.com

Водолија

Водолиите не ги доживуваат емоциите како што мислат дека треба. Во почетокот на новата љубовна врска тие одредено време не чувствуваат ништо, па затоа веруваат дека нешто не е во ред со нив.

Риби

Рибите всушност немаат поим што пават и затоа постојано сонуваат, за да се чувствуваат подобро. Изгубени се и збунети, но мразат да бараат помош.

Маркетинг

Овен

Не може да поднесе кавга и губење на личности. Овните глумат среќа кога луѓето заминуваат, но всушност тие длабоко жалат за нив. Мразат да ги губат луѓето кои им значат.

Бик

Биковите се плашат дека никој не ги сака и дека другите лесно забораваат на нив. Честопати се прашуваат дали му значат некому.

Маркетинг

Близнаци

Близнаците се обидуваат да бидат пријател со сите, па поради тоа се менуваат самите. Подобро им е да постапуваат вака, зашто самотијата ги застрашува.

Рак

Ракот се обидува секогаш да изгледа среќно и мисли дека другите ќе се разочарат од него ако го видат вознемирен.

Лав

Лавот верува дека не е сакан од другите и дека тој е виновен ако работите не излезат според планианото. Се обидува да изгледа цврсто и глуми дека не му е гајле, но длабоко во себе Лавот е една од најчувствителните личности кои ги познавате.

Девица

Девицата тешко се носи со животот. Може да изгледа како да ги има работите под контрола, но во реалноста има проблеми и секој нареден ден ѝ е се’ потешко да ја одржува позитивноста.

Вага

Вагата не може да живее без партнер, затоа што потребно е да го вложи своето време во другите, за да не се насочи кон себе. Мрази да се занимава со своите проблеми.

Скорпија

Скорпиите се плашат од блискост. Сакаат другите да им веруваат ним, но тие тешко веруваат некому. Токму поради ова, се плашат дека еден ден ќе останат сами.

Стрелец

Стрелците само сакаат да сакаат и да бидат сакани. Кога не се во врска со некој, почнуваат да се чувствуваат безнадежно, како да не се добри за никој.

Јарец

Јарците многу вложуваат во себе и се обидуваат да стигнат до врвот, па поради тоа немаат длабока врска со другите. Затоа се плашат дека ќе останат сами.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button