Наши ѕвезди

Најсилна моја која со тешка рака името Ѓорги на лист за помен ќе го напишеш – поетесата Андоновска напиша песна за мајката на починатиот музичар од ДНК

Со тапаните, насмевка и неисцрпна енергија, Ѓорѓи беше симбол на младешка страст и љубов кон музиката.

Advertisement

Тагата по трагедијата во Кочани сè уште одекнува во срцата на многумина. Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“, својот живот го загуби и младиот тапанар Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица, талентиран музичар и член на придружната група на популарниот бенд ДНК. Со тапаните, насмевка и неисцрпна енергија, Ѓорѓи беше симбол на младешка страст и љубов кон музиката.

Во спомен на овој млад, згаснат живот, и со неизмерна почит кон мајчината болка, писателката и поетеса Билјана Андоновска ја напиша емотивната песна, едноставно насловена „За мајката на Ѓорѓи“.

Advertisement

Со силни и нежни стихови, таа ѝ се обраќа на мајката Зорица, која денес храбро го носи најтешкиот крст – да го запише името на своето дете на лист за помен, но и да верува дека нејзиното јагне е „со Бога, зад крстот“.

Поезијата на Андоновска е повеќе од зборови, тоа е молитва, прегратка и сведоштво дека љубовта на мајката и детето не завршува со смртта, туку продолжува во вечноста.

Ви ја пренесуваме песната на Билјана Андоновска:

За мајката на Ѓорѓи…
( тапанар Днк бенд 💔)

Зорице моја,

Знам дека боли.

И знам дека срцето ти го знам, иако не те запознав.

Ти, најсилна моја која со тешка рака името Ѓорги на лист за помен за Задушница ќе го напишеш.

Твоето јагне кое не на листот да го напишеш,

ами сакаш силно да го гушнеш.

И ете гушнати сте.

И посакуваш толку да го стегнеш, па да се смеете ко некогаш.

Тропна тапанот и срцето ти се разигра….

Мигови…

И пак се враќаш за миг тука кај листот.

Тагата те чека.

Пустата, никако да замине.

Крстот ти натежнува,

но не го оставаш.

Знаеш мила моја, знаеш дека јагнето ти е тука.

Зад крстот.

Со Бога.

Сака мајка му радосна да е.

Те гушка крадешкум кога спиеш.

И сила ти дава да издржиш.

И ти шепоти:

А, што се деновите земни наспроти вечноста?

Што е тагата наша, спрема радоста рајска?

И кога дете ќе сретнеш, гушни го силно.

Оти секое дете јагне е.

Знаеш што?

Чајот од мајчина душичка што во ракава ми е,

топол и миризлив е како срцето твое….

Твојата писателка, Билјана Андоновска.

Потсетуваме, Ѓорѓи, кој беше вработен во Основното музичко училиште „Боро Џони“, започнал да свири уште на дванаесетгодишна возраст, а пред да стане дел од ДНК, соработувал со групата Модус и пејачката Благица Калева.

фото приватна архива/фејсбук

Неговата мајка Зорица со болка зборуваше дека музиката била негов живот, негов здив и најголема радост.

А, покрај музиката, Ѓорѓи имаше и уште една голема љубов, својата девојка Цветанка, за која нејзиниот сакан до денес останува „мојот ангел чувар“.

фото фејсбук

Во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа 63 млади животи, меѓу кои и осум музичари кои настапуваа со музичката група „ДНК“.

Покрај Панчо кој седум месеци по несреќата им подлегна на повредите меѓу настраданите се и младиот тапанар од Струмица, Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа клавијатуристот на бендот, Филип Стевановски и еден од фронтмените, вокалистот Андреј Ѓорѓиески кој иако излезе од дискотеката, се врати по другите и во тој момент се срушил кровот и паднал врз него, по што пејачот загина на лице место.

Настрада и Сара Пројковска која беше придружен вокал во бендот, потоа гитаристот Александар Коларов, тон-мајсторот на ДНК, Игор Велков, како и битбоксерот Мартин Атанасовски попознат како Мартин Буцо кој исто така беше дел од групата ДНК.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button