FashionНаши ѕвездиСтил

Најсекси модни изгледи на Макфест 2025 – сопругата на Лазаров, Лара, Марија, Луна и Тамара го запалија бекстејџот

Екстравагантен стил и харизма: Како Марта, Марија, Луна, Тамара и Лара ја одбележаа модната сцена на Макфест 2025.

Advertisement

Макфест 2025 донесе не само музички спектакл, туку и вистинска модна ревија, каде изведувачите и гостите го покажаа својот уникатен стил.

Од смели црни комбинации до елегантни бели креации, еве кои дами го украдоа вниманието во бекстејџот и на сцената.

Advertisement

Марија Атанасова – Црна вамп елеганција

Марија Атанасова блесна во бекстејџот облечена во впечатлива црна комбинација од модно студио „Бела“ од Штип, кое е ,инаку, познато по дизјани на венчаници.

„Оваа креација е нивно дело, соработувам со нив секоја година“, ни откри 24-годишната Марија.

Advertisement

За настапите на домашна сцена вели: „Преубаво е, предност е што веќе трета година пеам тука и сум имала повеќе концерти на истата сцена“.

Во публиката ја бодреа родителите, братот, композиторите и најблиските. Иако е дипломиран правник и планира да магистрира, паралелно студира оперско пеење на Музичката академија во Штип.

„Пеам со цело срце и душа, но правото сакам да го работам за да заработувам“, искрено сподели Марија, додавајќи дека сè уште не го нашла вистинското момче за себе.

Луна Бејков – таа е идната ѕвезда!

Младата 19-годишна Луна Бејков, пејачка, глумица и модел, привлече погледи со црна модна комбинација од брендот „Кокев“, надополнета со трендовски црни чизми.

Луна, која студира на Правниот факултет на отсекот за односи со јавност, веќе има искуство во филм и во музичкото шоу „Ајдиџеј“ во Србија.

„Со пеење започнав пред една година, а соработувам со Андреј Ник и Јанг Дади“, вели таа.

На Макфест беше да ги поддржи изведувачите, особено Јанг Дади, а се надева дека следната година и самата ќе застане на сцената.

Луна планира да ја лансира својата нова песна пред Нова година, а иако неколку пати се појавила како модел, вели дека нема моделски амбиции.

Тамара Волческа – ведрина во бело

Тамара Волческа зрачеше со самодоверба во бела модна комбинација од панталони и тесна, сексапилна блуза, што беше контраст на доминантните црни изгледи.

„Белото го одбрав заради ритамот и пораката на песната ‘Ведро е’“, ни сподели Тамара, чија песна е дело на композиторот Дарко Тасев и текстописателката Весна Малинова.

„Лани бев во црно зашто имав подлабока балада, но годинава сакав да ја покажам мојата позитивна ведра страна“. Како дебитант лани, вели, било похаотично, но сега зрачи со сигурност и енергија.

Лара – силна енергија во модерен балетски стил

Енергичната Лара привлече внимание со необична црна креација инспирирана од модерен балет, специјално изработена од Наташа Ларчева од модната марка „Ал Апарел“.

„Сакав нешто уникатно, инспирирано од стилот на Тајла, со парталав изглед што доаѓа до израз при движење на сцена“, објасни Лара.

Креацијата, вели, додава дополнителен ефект на нејзиниот настап, особено поради нејзината страст кон балетот, односно танцот, кој секојдневно го практикува.

Марта Лазарова – екстравагантен микс

Марта Лазарова, сопруга на Стефан Лазаров, покажа екстравагантен стил со фустан што го добила на подарок, комбиниран со чевли, сако и чанта од „Зара“.

„Сама сакам да си купувам, но и сопругот ми купува“, ни откри таа во муабет зад сцената.

Со Стефан се во брак повеќе од две години и заедно работат, а дури и нејзиниот моден избор го одразува нивниот динамичен животен стил.

А кој моден изглед на јубилејниот Макфест вам ви беше омилен?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button