Американскиот магазин Пипл уште од 1985 година традиционално доделува признание за најсексипилен маж во светот. Оваа титула прв ја доби Мел Хибсон, кој тогаш имал 29 години.
Изминатата година тоа беше кантри пејачот Блејк Шелтон. „Целиот живот сум грд. Ако барем година дена можам да бидам секси, го прифаќам тоа“, се насмеа тогаш Шелтон.
Оваа година титулата се враќа во актерските раце. Имено, за најсекси маж оваа година Пипл го прогласи британскиот актер Идрис Елба. „Стоев пред огледалото, се гледав и си реков себеси: Да, денес си некако секси. Искрено, беше тоа убаво чувство. Убаво изненадување кое му годи на моето его“, рекол Идрис после прогласувањето.
Згодниот 46-годишен актер се прорслави со улогата во американската криминалистичка серија “The Wire“, која според мислењето на публиката е една од најдобрите ТВ серии на сите времиња.