Опа!

И Бали-бег може вода да му носи – најсексапилниот стоматолог на Инстаграм кој ги спобудале девојките од целиот свет!

Advertisement

Ова не ни е прв пат да пишуваме за секси доктори …

Advertisement

Но денес ќе ви претставиме еден стоматолог кој по потекло е од Бразил. Убедени сме дека покрај него може да ви престане секаква болка, но и дека пред неговата ординација чекаат жени во колона кои со нетрпение чекаат да седнат на неговото столче и да ги отворат устите. Неговото име е Каду Гиакомини (ок, признаваме, убавецов има по малку чудно име!) и во моментов живее и работи во Лос Анџелес, но кога не е на работа, тогаш најчесто е гол, позира пред објективите, нешто што нам како претставнички на понежниот пол воопшто не ни пречи …

Совршени плочки на стомакот, темен тен, паметен и вреден – токму онаков како што секоја жена го замислива својот маж од соништата!

Advertisement

Поради својот атрактивен изглед Каду од неодамна стана и манекен, но и Инстаграм ѕвезда која на оваа социјална мрежа има преку 50 илјади обожаватели. И тоа воглавно жени. По оваа објава, воопшто не се сомневаме дека меѓу нив ќе има и мноогу Македонки.

Што мислите вие?

Фото: Инстаграм/ Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button