Таа важи за најсексапилната фитнес инструкторка на Инстаграм – но погледнете како изгледала пред шест години (фото)
Физичкиот изглед лесно може да се промени
Колку и да ви звучи ова како невозможна мисија, откако ќе видите колку се променила оваа девојка ќе ви стане јасно дека потребно е само да имате добра волја и желба работите да ги промените на подобро. Станува збор за инструкторката по фитнес Мелиса Алкантрана која е пример за цврст карактер. Методот за неверојатната трансформација на оваа жена е редовното вежбање, па погледнете ги нејзините резултати.
Таа не само што не ги крие своите стари фотографии, туку и радо ги објавува на социјалните мрежи бидејќи тие најдобро ги отсликуваат размерите на нејзината промена. Порано имала одреден број вишок килограми, па во меѓувреме станала мајка а потоа чекор по чекор го гради своето мускулесто тело. И како што тоа обично се случува по ваквите трансформации расте и самодовербата, но и желбата за нови предизвици.
Таа резултатите од својот труд на нејзиниот профил на социјалните мрежи го покажува многу атрактивно, истакнувајќи го сексапилот кој во нејзиното ново тело максимално е изразен. Нејзина најголема поддршка во последните шест години се сопругот и нивната ќерка.
Па, дали ви се допаѓа како таа изгледа денес?