Најпровокативниот костим за капење што сме го виделе досега – дали претпоставувате како изгледа во долниот дел?
Костими за капење кои можете да ги носите и на нудистичка плажа
Така некако би ги опишале новите модели од модната куќа „Sports Illustrated“, а еден од нив изгледа толку провокативно што слободно можеме да го прогласиме за најсексапилниот костим за капење што досега сме го виделе меѓу едноделните модели (ако воопшто можеме да го ставиме во оваа група). Минијатурен долен дел, стомак и гол грб покриен само со една лента, гради исто така сокриени под една тееенка лентичка, како дизајнерите да сакале да заштедат на материјалите, а да не штедат кога е во прашање славењето на женската убавина, односно на најпровокативниот начин на нејзиното истакнување што е и заштитен знак на овој познат бренд.
https://www.instagram.com/p/BbiYgTOl4Di/
Како и да е, сигурни сме дека повеќето од овие модели Македонките не би ги носеле ни на пуст остров, а камоли на некоја од плажите во Македонија, а тоа би можело да се однесува и за нивните поумерени варијанти кои во одредена мера и личат на костими за капење.
https://www.instagram.com/p/BbpctwaFZ26/
И како што можеме да видиме од овие слики и видеа, костимите за капење со високо подигнат струк ќе бидат популарни и следната сезона.
https://www.instagram.com/p/BbmsEmqlER4/
Што мислите вие за сите овие модели?