Овие панталони се хит – ги носи најпознатата трудница, но и најжешката Црногорка на Инстаграм
Нов модел на панталони што ќе станат хит
Станува збор за симпатичен ПВЦ модел кој го нарекуваат „карамела панталони“ поради нивната впечатлива боја. Пред неколку дена токму во еден таков модел се прошета познатата ријалити ѕвездата Кајли Џенер која ги носеше во комбинација со патики и широка спортска маица. Таа во ова симпатично издание се појави прв пат по веста дека со нејзиното момче Тревис Скот очекуваат бебе. Кајли ќе стане мајка на 21 години.
Во вакви панталони позираше и Амра Олевиќ Амрези, Инстаграм ѕвезда и позната шминкерка од Лос Анџелес која по потекло е од Црна гора. Таа важи за најсексапилната Црногорка на Инстаграм, а својот моден предлог го претстави во Париз и собра бројни лајкови.
Па, која девојка ви се допаѓа повеќе во овие панталони?
House of CB – £59.00
И како и дали би ги носеле овие панталони?