Дали сте знаеле дека најпознатите фраери, најубавиот вампир и двете најубави македонки се родени во знакот на биковите?
Бидејќи сме во месецот на Бикот, решивме да направиме мала листа на најпознатите светски фаци, родени во знакот на бик.
Енрике Иглесиас (38 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Најверојатно најпознатиот шпански пејач во последната декада, кој исто така работи и како продуцент, модел и актер. Веќе повеќе години е во врска со руската тенисерка и модел, Ана Курникова.
Пирс Броснан ( 59 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Според многумина, ирскиот актер е после Шон Конери, најавтентичниот агент 007. Има пет деца од двете сопруги со кои бил во брак.
Боно Вокс (53 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Познатиот фронтмен на најпопуларниот ирски рок бенд на сите времиња У2, е исто така роден во овој хороскопски знак. Покрај неговата извонредна музичка кариера, Боно е познат и по својата хуманитарна работа.
Ал Пачино (73 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Легендарниот американски актер од италијанско потекло, за кого мислиме дека не треба да се трошат премногу зборови. Ќе напоменеме само дека е зарекнат ерген, а како ’најсериозни‘ партнерки во животот му беа актерките Беверли Дианџело со која има две деца и 40 години помладата Жан Таран, со која исто така ја има ќерката Џули.
Џорџ Клуни (52 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=5 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Уште еден голем холивудски заводник, кој ги следи стапките на Ал Пачино – кога во прашање се брачните ставови. И на 52 годишна возраст, се уште е еден од најпосакуваните ергени.
Дејвид Бекам ( 38 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=6 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Најпознатиот спортски извозен производ на Англија, кој исто така работи и како модел. Женет со Пош Сапјсицата, Викторија, татко е на четири деца.
Роберт Патисон (26 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=7 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Најпознатото младо вампирче на светот кое исто така ни доаѓа од Англија. Освен атрибутот на најубав вампир, во последната година го носи и оној на најголем рогоња – капиталец, во светот на познатите.
Елена Ристеска (27 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=8 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
И секако од женскиот дел од биковите, решивме да не замараме со некој од белосветските @#ξ@, едноставно затоа што на овој свет нема поубаво девојче од Македонче. А ако Елена не е жив доказ за тоа, тогаш…
Каролина Гочева (33 години)
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/vesti/glamur/10120-najpoznatite-horoskopski-bikovi?slika=9 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Значи, да ја завршиме реченицата од претходниот пасус, ако не Елена, тогаш сигурно тоа е Каролина. Најпознатата млада дама на македонската сцена, која за разлика од другите реши да се соблече (колку – толку) и за Плејбој. Браво на храброста!
Па, кое е вашето омилено бикче? :)