Еве кој стои зад фризурите што ги обожаваат познатите дами
Џен Аткин е една од највлијателните фризерки на светот
Таа на социјалните мрежи има преку 2 милиони обожаватели од целиот свет. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотографии кои можат да ви послужат како инспирација, а нејзините ремек-дела го одземаат здивот и на познатите дами пишува францускиот Вог.
https://www.instagram.com/p/BfJ-zJzB-D-/?utm_source=ig_embed
На нејзината бесконечно долга листа со клиентки се наоѓаат модните суперѕвезди како Каја Гербер, Кендал и Кајли Џенер, сестрите Хадид, па и бјути легендите и модните икони како Пенелопе Круз, Мадона, Кејт Мос.
https://www.instagram.com/p/BfjBt-FhCdi/?taken-by=jenatkinhair
38-годишната Џен го користи Инстаграм на најдобар можен начин за да ги претстави своите дела, од магични витканици и ниски коњски опавчиња, се до неверојатните трансформации на мега популарната Ким Кардашијан.
https://www.instagram.com/p/Bfd2BKaBUoS/?taken-by=jenatkinhair
Па, доколку барате идеја за нова фризура, Инстаграм-профилот на Џен е нешто од каде што треба да почнете.