Реклама
Трендови

Од Кејт Мидлтон, до Меланија Трамп, Амал Клуни и Меган Маркл – најпопуларниот тренд за ова лето според познатите дами

Реклама

Кејт Мидлтон на финалето на Ѓоковиќ се појави заедно со својот сопруг, принцот Вилијам во издание кое медиумите го оценија дека е инспирирано од Меган Маркл.

Имено Меган на приемот на организацијата Комонвелт ги изненади сите со впечатливиот жолт фустан со потписот на американскиот дизајнер Брендон Максвел.

Маркетинг

Ваквото издание очигледно остави силен впечаток и на Кејт Мидлтон, која на машкото финале во Вимблдон се појави во жолта верзија на фустанот, само овој пат со потписот на познатото италијанско дуо, „Долче и Габана“.

Маркетинг

Фустанот од познатиот италијански бренд кој денес може да се најде за нешто помалку од илјада долари Кејт го носеше со децентен накит од брендот „Asprey London“, скапоцен часовник „Cartier“ и очила за сонце „Ray-Ban“ кои членовите на кралското семејство обожаваат да ги носат.

Интересно е да споменеме дека токму на кралската венчавка на Меган Маркл госпоѓа Клуни избра да носи жолт фустан со кој ги освои симпатиите на модниот свет, па можеби токму тоа впечатливо издание им беше инспирација и на двете војвотки да изберат креации во оваа боја.

https://www.instagram.com/p/BlMAGFvlYHe/?tagged=amalclooney

Неодамна и првата дама на Америка, Меланија Трамп, исто така носеше преубав фустан во оваа впечатлива боја, па сигурно нема да згрешиме ако главен виновник за овој тренд го прогласиме Џорџ Клуни.

Имено, ова е доказ дека и покрај годините, познатиот актер се уште е во „тренд“, па многу познати дами бараат инспирација во неговата сопруга.

:)

Поврзано

Back to top button