Познатите модни блогерки веќе со недели се на најубавите места на светот каде времето го минуваат фотографирајќи се и уживајќи во своите патувања.
Но од нивните фотографии можеме да забележиме дека еден моден додаток им е заеднички на сите и тешко дека ќе пронајдете фотографија на која се без него. Во прашање е шеширот кој оваа сезона важи за еден од најпопуларните модни додатоци. Меѓу првите се истакна модниот бренд „Jacquemus“ кој со својот предимензиониран шешир од слама од колекцијата „La Bomba“ (види тука) дословно ги запали сите на социјалните мрежи.
Откако се појавија овие шешири не требаше да помине долго време за да го имате оној впечаток дека не пости светски позната трендсетерка која со него досега се нема сликано во костим за капење или во некој преубав летен фустан, иако дури сега сме сред летна сезона.
https://www.instagram.com/p/BjwSskildDl/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BgYoJJDF6rq/?utm_source=ig_embed
Покрај овој екстравагантен модел во последните неколку сезони, особено меѓу познатите блогерки мошне популарни се и шеширите од австралискиот бренд „Lack of Color“. Во прашање се шешири со висок квалитет кои се во чекор со актуелните трендови, а нивниот изглед како и останатите стилови што блогерките ги фаворизираат, погледнете од фотографиите што ви се дадени во продолжение.
https://www.instagram.com/p/Bk5Yj98no3n/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BkxtG6Ngt3O/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BjD77LmFFKo/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bk-0IBhDn52/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BjNaql9BU4b/?utm_source=ig_embed
https://instagram.com/p/BjNUfvZgwz7/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BkhiJFTlvmq/?utm_source=ig_embed