Едноставните сандали од Céline кои се од нивната колекција за лето 2017 ги освоија трендсетерките од целиот свет.
Тие беа прикажани во септември минатата година кога манекенките ги носеа раздвоено, односно црна и бела заедно што им даде посебен шарм, и по се изгледа од прва ги освои трендсетерките.
Станува збор за модел што познатата дизајнерка Фиби Фило го претстави во колекцијата на куќата Céline за пролет-лето 2017. Сандалите ни доаѓаат во црна, бела и црвена боја, а можете да ги носите и одвоено како што беше и на ревијата. Комерцијалните брендови не го препознаа потенцијалот на овие сандали, така што тешко можете да најдете модел со поевтини цени од оригиналниот за кој доколку сакате да ги имате треба да издвоите 580 евра. Во продолжение погледнете како трендсетерките ги носат овие сандали.